ВИДЕО+ФОТО: Стотици Австријци се собраа во центарот на Виена. Дупките од куршумите на Кујтим Фејзулаи се пополнети со цвеќиња.

epa08798756 People carry a wreath during a candlelight vigil for the victims at the crime scene of multiple shootings in the first district of Vienna, Austria, 04 November 2020. According to recent reports, at least four persons are reported to have died and many are seriously injured in what officials treat as a terror attack which took place in the evening of 02 November. EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Според податоците до кои дојде „Слободен печат“, Кујтим Фејзулаи изучувал Такфир, односно учењето дека другите муслимани се неверници и отпадници под менторство на Неџад Балкан уште од 2017 година

Стотици Австријци од сите вери и нации го исполнија центарот на Виена за да оддадат почит на настраданите во крвавиот терористички напад и да покажат дека солидарноста е во срцата на австриската метропола.

EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Тие порачаа: „Прекрасен знак на солидарност меѓу верските заедници. Да не бидеме во искушение да мразиме и да не дозволиме нетолеранцијата да надвладее над нашиот хуман став. Нашиот одговор може да биде само: држете се заедно, отфрлете какво било насилство со зборови и постапки, без предрасуди со кои се соочувате и соживот што прави мир.“

Безброј свеќи и цвекиња што ги оставаа учесниците на поворката го исполнија центарот. Многу присутните коментираат дека се трогнати и дека оваа поворка е знак за единство.

EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

„Ова е мојата Виена, мојата Австрија. Мир насекаде! Омразата се обиде да нè кутне на земја, да нè раздели. Но, ние застануваме на нозе и продолжуваме со љубов во срцето. Заедно“

Сите имаат една цел, што побргу да ги надминат траумите им ги создаде терористот Кујтим Фејзулаи кој се радикализирал во скриена џамија за која соседите мислеле дека е всушност „наркоманско дувло“.

Очајна е мајката на Кујтим Фејзулаи: Каде згрешив?

Некои од нив со кои „Слободен печат“ разговараше изјавија дека просторијата во која се собирале некогаш и по 50 луѓе им личела како збиралиште на наркомани. Затоа не им било необично што полицијата ја држела на око.

Се проверува „македонската врска“ на убиениот австриски терорист Кујтим Фејзулаи

Тие воопшто не биле свесни дека во џамијата во областа Отакринг, која претставува симбол за соживот на бројни Турци, Македонци, Срби, Бошњаци и други доселеници од Балканот, била место со кое раководел озлогласениот терорист Абу Мухамед алијас Неџад Балкан за кој се верува дека го регрутирал Мевлид Јашаревиќ, кој беше осуден во 2013 година на 15 години затвор за нападот врз американската амбасада во Сараево на 28 октомври 2011 година.

Sabine Hertel (Tageszeitung Heute)

Според податоците до кои дојде „Слободен печат“, Кујтим Фејзулаи изучувал Такфир, односно учењето дека другите муслимани се неверници и отпадници под менторство на Неџад Балкан уште од 2017 година.

Австриските власти сè уште го расветлуваат терористичкиот напад што се случи на 2 ноември кога четири лица беа убиени и 22 повредени.

Досега, покрај Кујтим Фејзулаи и Арџент Ганији и Узеир Авдили се македонски државјани кои се на списокот на осомничени. По терористичкиот напад, полицијата уапсила 14 лица во повеќе градови во Австрија, кои имале врска со Фејзулаји. Во Швајцарија се уапсени две лица кои имале контакт со него.

Тројца македонски државјани родени во Австрија, учесници во терористичкиот напад во Виена

Четворица од нив веќе биле обвинети за тероризам, двајца за насилни злосторства. Две лица во своето досие имаат обид за убиство. Еден од нив бил осуден на десет години затвор во 2012 година и ослободен во 2017 година, друг бил осуден на пет години и шест месеци за придонес во намерно сериозно физичко оштетување и бил ослободен во 2015 година.

Сите осомничени се на возраст меѓу 16 и 28 години и сите тие се „добро познати поради нивното членство во радикалната исламистичка сцена“,  велат властите.

Кујтим е од добро семејство и сигурно не се радикализирал во тетовско, тврди градоначалникот Пајазити

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот