Кујтим е од добро семејство и сигурно не се радикализирал во тетовско, тврди градоначалникот Пајазити

Извршителот на терористичкиот напад во Виена, 20-годишниот Кујтим Фејзулаи, со потекло од селото Челопек, не бил познат за домашните служби, дознава Слободен печат. Тој поседувал македонски пасош, но земјава ретко ја посетувал и засега не е утврдено каде се радикализирал.

Ова е фотографијата на терористот од Челопек што го раскрвави центарот на Виена

Градоначалникот на општина Брвеница, Енвер Пајазити, вели дека момчето потекнува од пристојно и фино семејство, па оттаму и самите биле во шок од веста за терористичкиот напад, која утринава е тема број еден за жителите на ова тетовско село.

– Сите сме шокирани, бидејќи станува збор за добро семејство, фини луѓе… Дедото се пресели во Австрија уште на почетокот на 80-тите години, но најмалиот никој не го познава. Се распрашав и кај помладите во селото, но скоро никој да не го познава и никој не помни кога последен пат го виделе тука, изјави Пајазити за Слободен печат.

Потврдено: Извршителот на нападите е Кујтим, роден во Виена со потекло од Македонија

Градоначалникот, одговорајќи на прашањето дали е возможно Кујтим да се радикализирал токму во Челопек, истакна дека таква опасност, според неговите сознанија, нема.

– Тој воопшто и немал круг на луѓе тука, не успеал ниту да се социјализира. Жалам што како село, општина, држава се споменуваме во вака негативен контекст, заклучи Пајазити.

Кујтим Фејзулаи се подготвувал за нападот во Виена уште од јули, калашниковот го купил од земја од ЕУ

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот