Тројца македонски државјани родени во Австрија, учесници во терористичкиот напад во Виена

Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Австриската полиција, преку Европол, до Министерството за внатрешни работи доставила барање за соработка и информации околу терористичкиот напад кој се случи синоќа во Виена, соопшти МВР.

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СНИМКИ од Виена: Терористите пукаа во случајни минувачи низ центарските улици, граѓаните трчаат во паника

„Од списокот на австриската полиција, кој е доставен до повеќе полиции, меѓу кои и нашата, утврдено е дека три лица покрај австриското имаат и државјанство на Република Северна Македонија, и тоа К.Ф. (роден во Модлинг, Австрија), А.Г. (роден во Сент Полтен, Австрија) и У.А. (роден во Виена, Австрија).

Кујтим Фејзулаи се радикализирал во област позната на разузнавачките служби

Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР веднаш се стави на располагање на колегите од Австрија и интензивно соработуваме на сите елементи поврзани со овој случај“, соопшти полицијата.

Оттаму додаваат дека е остварена и директна комуникација меѓу премиерите Заев и Курц.

Кујтим е од добро семејство и сигурно не се радикализирал во тетовско, тврди градоначалникот Пајазити

„Премиерот Курц изрази благодарност до премиерот Заев за искажаната солидарност и поддршка. Премиерите изразија подготвеност да ја продолжат комуникацијата и соработката во врска со терористичкиот напад доколку австриските служби утврдат таква потреба“, соопшти МВР.

Кујтим Фејзулаи се подготвувал за нападот во Виена уште од јули, калашниковот го купил од земја од ЕУ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот