Кујтим Фејзулаи се радикализирал во област позната на разузнавачките служби
Неговиот адвокат Рудолф Мајер, пред судот изјавил дека Фејзулаи по апсењето ги променил своите идеали кон ИД. Тој рече: ’Како можам да ја сменам идеологијата на бомбаш-самоубиец? Не со високи казни. Мора да се предомислите. Ако [Фејзулаи] не одеше во џамија, туку во Кунг Фу учлиште, ќе заминеше во Тибет и ќе станеше Шаолин монах“.
Атентаторот Кујтим Фејзулаи кој е роден во Медлинг пред 20 години од родители од Северна Македонија со потекло од тетовско Чегране се радикализирал во Австрија.
Угледниот австриски медиум Фалтер објави дека Кујтим Фејзулаи бил радикализиран симпатизер на таканаречената ИД. Полицијата веќе го познавала и можеле бргу да ги идентификуваат, направиле претрес во неговиот стан уште истата вечер.
Фејзулаи уште во пубертетот интензивно го проучувал исламот, по што наишол на проблеми, дома и на училиште. Тој редовно посетувал џамија во Јозеф Стад (област во Виена) позната на разузнавачките служби.
Дваесет годишниот Фејзулаи беше еден од оние исламисти кои сакаа да патуваат од Австрија во Сирија до „калифатот“ и успеа да стигне до Турција, пренесува Фалтер.
Во 2019 година тој беше затворен во Австрија на седум и пол месеци за членство во терористичка организација.
Дејли Мејл пренесува дека за време на судењето во април 2019 година Фејзулаи рекол дека „влегол во погрешна џамија“ во 2016 година.
На прашањето зошто се обидел да ѝ се приклучи на ИД, терористот со потекло од Северна Македонија на судијата му рекол дека сакал да побегне од дома за да води самостоен живот.
Фејзулаи на 1 септември 2019 година сам пристигнал во Сирија каде по само два дена бил заробен од полицијата и задржан во Турција четири месеци пред да биде екстрадиран назад во Австрија.
Неговиот адвокат Рудолф Мајер, пред судот изјавил дека Фејзулаи по апсењето ги променил своите идеали кон ИД.
Тој рече: ’Како можам да ја сменам идеологијата на бомбаш-самоубиец? Не со високи казни. Мора да се предомислите. Ако [Фејзулаи] не одеше во џамија, туку во Кунг Фу учлиште, ќе заминеше во Тибет и ќе станеше Шаолин монах“.
Очигледно полицијата не верувала дека Кујтим Фејзулаи планирал напад во Виена, сепак според Фалтер, Чегранецот внимателно ја одбрал својата цел. Како еден од мотивите за крвавиот напад на Фејзулаи наведен е поранешен напад од 1081 година. Тогаш палестински терористички одред упадна во главната синагога на еврејската заедница во Виена и уби две лица.
Синоќешниот напад во Виена се смета за најтешкиот терористички напад во Австрија по серијата бомбашки напади за кои е обвинет десничарскиот екстремист Франц Фукс. Веројатно е и првиот инспириран од терористичката Исламска држава.