Терористот Фејзулаи организирал „Џихадистички самит“ за приврзаници на ИД од Германија и Швајцарија во јули

Австриското Министерство за внатрешни работи денес ги потврди тврдењата на медиумите дека Кујтим Фејзулаи, кој уби четири и рани 23 лица во терористичкиот напад во Виена, се сретнал со група џихадисти од Германија и Швајцарија пред неколку месеци.

„Во Виена се одржа состанок меѓу луѓе од Германија и Швајцарија, но имаше и други кои се состанаа со напаѓачот и беа уапсени во рамките на истрагата“, изјави службеникот на австриското Министерство за внатрешни работи, Франц Руф.

Австриските медиуми претходно пишуваа дека повеќе од 10 „млади џихадисти“ од Австрија, Германија и Швајцарија одржаа, како што опишуваат, „самит на три држави исламисти“ кон средината на јули во Виена.

Според австриските медиуми состанокот бил организиран од Фејзулаи кој е роден во Австрија и има потекло од тетовско. Тој уби четири и рани 23 лица во напад на 2 ноември во центарот на Виена.

За време на конфликтот, полицијата го уби Фејзулаи, кој беше симпатизер на „Исламската држава“. Тој минатата година беше осуден на 22 месеци затвор за обид да се приклучи на џихадистите во Сирија, но кратко потоа беше ослободен.

Според „Кронен цајтунг“ некои џихадисти престојувале во станот на Фејзулаи во Виена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот