Кудуз: Добро што добивме една „шлаканица“ од Монпелје, малку да се разбудиме

кудуз
Хрватскиот бек Анте Кудуз одлучи да се врати во Романија/Фото: РК Вардар 1961/Денис Дуковски

Вардар 1961 в среда од 18.45 часот против Алборг во Данска ќе го игра својот петти натпревар во Лигата на шампионите.

Хрватскиот бек на македонскиот првак Анте Кудуз очекува еден цврст меч против Данците, борбени 60 минути на ова гостување на „црвено-црните“.

– Следува вториот меч со Алборг, домаќинот сигурно ќе сака да победи, но и ние ќе ја бараме шансата. Добро се подготвуваме, слушаме што ни кажува нашиот тренер.

Ќе биде еден многу интересен натпревар, ние доживеавме еден „ладен туш“ против Монпелје, што можеби е добро да добиеме една таква „шлаканица“ малку да се разбудиме.

Секој натпревар е различен, сигурно и противникот подобро се подготвува за нас, знаат како играме, но и ние нив, така што нема да има некои изненадувања. Но, очекувам еден цврст натпревар, биде борбено – вели Кудуз.

Вујовиќ: Не одиме со бело знаме во Данска, без Борко против Алборг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот