Вујовиќ: Не одиме со бело знаме во Данска, без Борко против Алборг

Веселин Вујовиќ секогаш ќе има место во срцата на верните „Комити“/фото: Слободен печат: Драган Митрески

Веселин Вујовиќ, тренерот на Вардар1961 ги сподели очекувањата пред заминувањето за Данска пред натпреварот од Лигата на шампионите против екипата на Алборг.

Овој меч е закажан за в среда (утре, 20 октомври) во 18.45 часот. Во однос на претходните состави, сега за Данска не отпатува единствено голманот Борко Ристовски кој пријави здравствени проблеми.

По четири одиграни натпревари Вардар е на делба на третото место во групата „А“ со пет бода заедно со ПИК Сегед и Монпелје.

– Сигурно ќе биде поразличен натпревар од оној во Скопје. Ние на првиот меѓусебен натпревар се трудевме да не влеземе во нивниот ритам, да не трчаме многу, да ги забавиме, и во тоа успеавме, крајниот резултат е показател дека во сето тоа успеавме.

Противникот сигурно нема да ја повтори таквата игра, ќе трчаат многу, многу се силни во тој сегмент, контрите. Ристовски пријави здравствени проблеми, на негово место е повикан Сафар. Бевме малку загрижени по натпреварот одигран против Монпелје, некако очекувањата на јавноста и нашите лични беа многу големи, а потоа се покажа дека во Европа се игра многу добар ракомет, дека нема лесни противници.

Вардар треба уште многу да направи за да може да игра против најдобрите европски екипи. Дали ќе има некои изненадувања, единствено што може да биде некаква комбинирана подлабока одбрана што би го забавило нивното движење. Мора многу да трчаме и да се трудиме да не примиме многу лесни голови, бидејќи тоа им е најдобар сегмент, а дали ќе успееме во тоа, ќе видиме.

– Ние не одиме во Данска со бело знаме, ако можеше Мешков Брест можеше да биде во егал до самиот крај, зошто не бил и Вардар. Мора да веруваме во себе, еден добар натпревар би ни бил еден голем импулс пред дуелот дома против Кил, рече Вујовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот