Кристина Еплгејт на 19-годишна возраст / Фото: Profimedia

Кристина Еплгејт откри болна тајна од младоста: „Поради насилна врска, абортирав на 19 години“

Актерката Кристина Еплгејт, која се бори со мултиплекс склероза, повторно отворено зборуваше за својата болест и тешките моменти од животот. Во своите нови мемоари таа проговори и за трауматично искуство од младоста – абортус на 19-годишна возраст поради насилна врска, пишува „Холивуд репортер“.

Нејзината книга со наслов „Ти, со тажните очи“ (You With the Sad Eyes) содржи и извадоци од нејзините стари дневници. Во еден од нив актерката детално го опишува моментот кога дознала дека е бремена шест и пол недели.

„На крајот од април 1991 година, останав бремена. Сакам да се свртам од она што се случи, но сè е запишано во мојот дневник. Постојат моменти во мојот живот кои се премногу болни за да им се даде некакво значење, па ќе дозволам мојот глас од тоа време да зборува“, напишала Еплгејт.

Во дневникот таа открива дека два дена пред да дознае дека е бремена доживеала сообраќајна несреќа додека одела на преглед кај гинеколог.

„Мојот автомобил беше уништен, но јас, за среќа, преживеав. Знаев дека сум бремена. Не можев да разберам зошто, иако внимавам што јадам, се чувствував дебело. Не можев да сфатам зошто сексот ми се гади и зошто плачам постојано. Сега знам“, пишува таа.

Актерката открива и дека нејзиниот тогашен дечко ја навредувал и психички ја малтретирал.

„Денес мојот дечко ми рече дека сум одвратна, опседната со себе, дебела свиња со нарушување во исхраната. Тоа ми ги отвори очите. Повеќе не ја разбирам нашата врска. Не е добра“, запишала тогаш Еплгејт.

Таа се плашела и од реакцијата на неговото семејство ако одлучи да абортира.

„Неговото семејство ќе ме мрази кога ќе дознае дека сум убила член од нивното семејство, бидејќи тие не веруваат во абортус. Но не можам да го имам ова дете – имам работа, треба да го забавувам овој проклет свет“, напишала таа.

По абортусот, актерката запишала дека се чувствувала „малку збунето“, но дека тогаш немала време целосно да сфати што направила.

Денес, Еплгејт се соочува со уште една голема животна битка, борбата со мултиплекс склерозата. Во неодамнешно интервју за списанието „Пипл“ откри дека сè потешко ги извршува секојдневните активности.

„Би сакала да можам да кажам дека сум чудо. Но не сакам да го минимизирам она што оваа болест му го прави на човечкото тело и душа. Кога ќе се разбудам, често не можам доволно да ја поместам раката за да ја земам чашата вода покрај креветот или телефонот“, призна актерката.

Првите симптоми на болеста ги почувствувала за време на снимањето на серијата „Мртов за мене“ (Dead to Me), кога забележала дека ѝ треперат прстите на нозете.

„Никогаш нема да го заборавам погледот што ми го упати мојот киропрактичар“, пишува таа во книгата, додавајќи дека подоцна едвај можела да се движи низ својот дом.

Поради болеста, актерката дури морала да користи и пелени за возрасни поради проблеми со инконтиненција. Сепак, и покрај тешкотиите, таа продолжува отворено да зборува за својата здравствена состојба и личните борби.

Кристина Еплгејт за борбата со мултипла склероза: „Ќерка ми како да ја изгуби мајката што ја имаше“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот