Кралицата го прогласи за витез стогодишниот капетан Мур кој собра 33 милиони фунти за здравствените работници вртејќи 100 круга во својата градина (ФОТО)

profimedia

Денес кралицата Елизабета во замокот Виндзор официјално го прогласи за витез стогодишниот воен капетан Томас Мур, информираше royal.uk.

Стогодишниот капетан Том Мур доби витешка титула од кралицата Елизабета Втора, три месеци откако успеа да собере 32 милиони фунти за британските здравствени работници.

Ветеранот на Втората светска војна вонредно ја прими титулата сер на уникатна церемонија во замокот Виндзор и од него не се бараше да клекне пред кралицата кога таа традиционално положи меч на неговите рамења.

„Ова е најспецијалниот ден во мојот живот. Не можам да опишам колку сум воодушевен. Навистина величествен ден“, изјави Мур.

Во април, ветеранот од Втората светска војна, капетанот Сер Том Мур покрена иницијатива за собирање средства за хуманитарни организации кои и помагаат на Националната здравствена служба во борба против коронавирусот. За таа цел, тој пешачеше во својата градина со првична цел да собере 1.000 фунти, но собра над 32 милиони фунти, поставувајќи Гинисов рекорд за најголема сума од поединец собрана од прошетка.

profimedia

Мур, кој беше унапреден во почесен полковник на неговиот 100-ти роденден, доби титула „капетан сер Томас Мур“ во согласност со протоколот на британското Министерство за одбрана.

Титулата на витез претходно беше одобрена од кралицата Елизабета Втора.

На денешната церемонија кралицата официјално му ја додели титулата витез на капетан Мур со мечот што му припаѓаше на нејзиниот татко, кралот Џорџ VI.

Британскиот премиер Борис Џонсон го нарече Мур „национално богатство“, велејќи дека тој е „како светилник во маглата на пандемијата на коронавирус“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот