Крај за Медведев, Ѓоковиќ останува на врвот и после „Вимблдон“

epa09324274 Daniil Medvedev of Russia in action during the 4th round match against Hubert Hurkacz of Poland at the Wimbledon Championships, Wimbledon, Britain 05 July 2021. EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA EDITORIAL USE ONLY

Рускиот тенисер денеска на грен слем турнирот во Лондон го загуби мечот кој вчера беше прекинат поради дожд и остана далеку зад Новак Ѓоковиќ.

Се случи големо изненадување, вториот тенисер на светот Данил Медведев испадна во осминафиналето на „Вимблдон“ откако беше поразен од Хуберт Хуркач и нема да може на овој турнир да го преземе првото место на АТП листата од српскиот ас.

Хуркач успеа во меч со пресврти во пет сета 3:2 да го елиминира рускиот претставник со 2:6, 7:6, 3:6, 6:3 и 6:3.

Следен ривал на Полјакот во четвртфиналето ќе биде Рожер Федерер, а веќе се познати и останатите три парови: Ѓоковиќ – Фучович, Хачанов – Шаповалов и Беретини – Ожер-Алијасим.

Во женска конкуренција веќе ја имаме првата полуфиналистка, Каролина Плишкова од Чешка како осма носителка двапати со 6:2 ја совлада Швајцарката Викторија Голубиќ.

За пласман во големото финале Плишкова ќе игра со победничката од дуелот Џабур – Сабаленка, а втората полуфинална двојка ќе се формира по одигрувањето на мечевите Мухова – Кербер и Барти – Томљановиќ.

Легендарен тенисер нема дилеми: Доколку Ѓоковиќ победи на Вимблдон, ќе биде најдобар во историјата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот