Ковачевски: Ќе го проверам тендерот на угостителски прибор и ако е несоодветен ќе го поништам

Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

На новинарско прашање за јавната набавка за угостителски прибор, за којашто одредени медиуми информираа дека е несоодветна, мандатарот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски рече дека откако ќе биде избран за премиер ќе ја провери и доколку е во обем и постапка која е несоодветна ќе ја поништи.

– Јас немам детали за таа набавка бидејќи сè уште не сум на премиерската позиција во Владата којашто може да има увид во таков вид на јавни набавки. Меѓутоа откако ќе станам претседател на Владата ќе се информирам за таа набавка којашто беше предмет на интерес на јавноста, доколку јавната набавка е во обем и во постапка којашто не е соодветна на очекувањата, јас таа одлука ќе ја поништам, рече претседателот Ковачевски.

Владата со реакција: Кујнскиот прибор не е наменет само за потребите на Владата, туку за сите државни институции

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот