Ковачевски: Го осудувам каменувањето на македонскиот клуб, да се пронајдат и санкционираат сторителите

Фејсбук

Премиерот Димитар Ковачевски „најостро го осуди вандалскиот чин“ на каменување на Македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград.

„Каменувањето на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград е чин на вандализам кој најостро го осудувам. Ваквите активности не соодвествуваат на договорената политика за унапредување на добрососедските односи, взаемното почитување и пријателство меѓу две соседни држави, наведе Ковачевски во објава на својот Фејсбук профил.

Тој порача дека очекува во најкраток можен рок, институциите во Бугарија да ги најдат сторителите и соодветно да ги казнат.

„Очекувам од страна на надлежните институции во Бугарија во најкраток можен рок да се пронајдат и санкционираат сторителите и да се осуди вандализмот. Северна Македонија во духот на европските вредности, ќе продолжи со заложбите за зацврстување на дипломатската и позитивна агенда меѓу Северна Македонија и Бугарија“, додава во објавата премиерот Ковачевски.

Претходно и политичките партии Левица и ВМРО-ДПМНЕ го осудија демолирањето на македонскиот клуб, а осуда стигна и од претседателот на Македонија Стево Пендаровски.

Каменуван македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот