Левица бара Пендаровски и Османи да го осудат кршењето на македонскиот клуб во Бугарија

Вчера Македонците во Бугарија повторно беа жртва на насилство, каде беше искршен новотворениот клуб од Благоевград – „Никола Вапцаров”!

Бараме веднаш претседателот Стево Пендаровски и министерот Бујар Османи да го осудат ваквиот насилен чин и да ги искористат сите форми на притисоци кон бугарските власти за да се откријат сторителите на ваквиот гнасен чин – исто како што експресно го осудија кршењето на фашистичкиот клуб во Охрид, се вели во партиското соопштение на партијата Левица.

„Бараме веднаш да му биде врачена протестна нота на бугарскиот амбасадор во Скопје – Ангел Ангелов, по истиот реципроцитет како што официјална Софија ѝ врачи нота на македонската амбасадорка после кршењето на клубот во Охрид.Никакви Комисии, ниту Договори за добрососедства не можат да ги заштитат македонските национални интереси од великобугарската политика, која не е променета од времето на Тодор Живков! Од овие причини, Левица континуирано алармира дека единствено решение кое ги гарантира државните интереси од агресивната политика на Бугарија е укинување на Историската комисија.Македонците во Бугарија со децении се под системска репресија, закани, напади и тортура, при што органите на прогонот немаат санкционирано ниту еден насилникЗа разлика од бугарските клубови, кои ги глорифицираат најгнасните фашистички крвници, Македонците во Бугарија го слават делото на еден од најистакнатите антифашистички дејци и поети, Никола Вапцаров„, стои во партиското соопштение на Левица.

Организацијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден Пирин побара пак од тамошната полиција да го истражи случајот со кршењето на стаклото на македонскиот клуб во Благоевград.

Синоќа беше искршено стаклото на влезот на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград.

Каменуван македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот