ВМРО-ДПМНЕ: Го осудуваме демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград, негирањето на Македонците е резултат на поданичкиот однос на власта

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград.
„Вандализмот не е добрососедство и не може да биде.Негирањето на Македонија, но и на Македонците во соседството е пред се резултат на поданичкиот однос на власта, која го дозволи и мотивира тој однос.Сега Ковачевски и Пендаровски на дело гледаат кај ја донесоа државата и македонскиот народ.Народот не смее да биде жртва на власта, затоа и ВМРО-ДПМНЕ бара промени. Потребна е власт која ќе се грижи за народот“, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Упатуваме апел и до Бугарија и до меѓународните институции во таа земја, што побрзо да се откријат вандалите, истите да се казнат и да се запре со говорот на омраза против Македонците, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно и од партијата Левица стигна осуда за каменувањето на македонскиот клуб во Благоевград . Вандалскиот чин го осуди и претседателот Стево Пендаровски.
Каменуван македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград