Костова: Се надеваме на добри подготовки и засилувања пред настапот во ЛШ!

Првакот на нашата земја се најде во квалификациската група 1 заедно со СФК 2000, тимот од Босна и Херцеговина кој е домаќин на турнирот, потоа Бреидаблик (Исланд) и АСА Тел Авив (Израел).

Според најавите на европската куќа на фудбалот (УЕФА), натпреварите ќе се играат во периодот од 7-13 август 2019 год.

Како што известуваат од клубот, познат е само босанскиот претставник, а засега нема доволно информации за останатите два ривали.

– Денеска ги добивме противниците. Познат ни е само составот на Сараево, не ги знаеме другите две екипи и не сме играле до сега со нив. Нашите подготовки ги почнуваме на 7 јули и се надеваме дека добро ќе се подготвиме и ќе се претставиме во одлично светло. Ние како клуб ќе се засилиме со 6-7 добри фудбалерки за да можеме подобро да парираме на останатите екипи во нашата група – изјави капитенот и тренер на екипата, Драгана Костова за „Слободен печат“.

Свој коментар по завршувањето на ждрепката за босанските медиуми имаше и тренерот на СФК 2000 (БиХ), Самира Хурем која вели дека добиле помалку атрактивни, но навистина тешки противници во физичка смисла.

– Ќе биде навистина тешко, веруваме во нашата работа и труд, ќе се обидеме да го освоиме првото место во групата – се зборовите на Хурем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот