Кортни Лав во вистински момент: Џони Деп ми го спаси животот

кортни лав
Кортни Лав / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Музичарката Кортни Лав откри како Џони Деп ѝ го спасил животот откако се предозирала во ноќен клуб. Пораката за поддршка пристигна во вистинско време додека актерот е во екот на судскиот процес со неговата поранешна сопруга Амбер Херд, пренесуваат странските медиуми.

„Ми пружи прва помош откако се предозирав пред клубот „Viper Room“ во Калифорнија. Бев зависничка од хероин. Тоа се случи во 1995 година. Социјалните служби ѝ помогнаа на ќерка ми Френсис да го преброди тој период. Џони по тој повод ѝ напиша писмо на четири страниц во обид да ја утеши. Тоа го направи на нејзиниот 13-ти роденден. Јас и тој тогаш не се познававме добро“, изјави музичарката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charlie Cherry (@karlahomolkaseyes)

„Немам ништо лошо да кажам за Деп. Мислам дека е многу паметен, тој е брилијантен актер“, изјави 57-годишната Лав.

Таа додаде дека Деп испратил лимузина за Френсис и нејзините пријатели токму кога социјалните работници доаѓале во училиштето.

„Кога имаше 13 години, ми рече дека Џони ѝ го спасил животот“, рече Кортни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by kaley 🦋 (@cobainstea)

Најголемата љубов на Курт Кобејн ја поддржа и поранешната сопруга на Деп, Амбер.

„Бев најомразената жена во Америка, односно во светот и тоа многу пред да се појави „ТикТок“. Разбирам како се чувствува Амбер. Можете ли да замислите како ви би било да бидете на нејзино место?“, изјави Кортни, нагласувајќи дека не сака да зазема страна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Courtney Love Cobain (@courtneylove)

„Сакам да бидам неутрална. Нема да малтретирам никого. Мене доволно ме малтретираа во текот на животот“, додала таа.

Лав одговори на злобните коментари во друго видео.

„Видете, не е како некој да ме прашува за мислење, а сигурна сум дека ниту ти не ме прашуваш. И онака никој никогаш не го слуша она што јас го знам. Харви. Бритни. Што рече Луиз Тејлор? Не ги коментираме вонземјаните кои оплодуваат луѓе и што вели Кортни Лав. Па кому му е гајле. Поздрав“, рече таа на крајот.

Инаку, таа во 2009 година тврдеше дека Бритни Спирс била злоставувана од нејзиниот татко Џејми во младоста. Во тоа време, портпаролката на Спирс, Луиз Тејлор, очигледно ги отфрли обвинувањата, велејќи: „Ние не коментираме за Кортни Лав или какви било вонземјани кои би можеле да дојдат на Земјата и да ги оплодуваат луѓето“, изјава што таа сега ја спомена во нејзиното видео.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот