Короната им прави големи проблеми: Откажано носењето на олимпискиот оган на улиците низ Осака
Гувернерот на ОСака ги откажа сите настани поврзани со доаѓањето на олимпискиот оган поради рекордниот број на заразени со коронавирус.
Здравствените власти стравуваат дека новиот сој на коронавирусот ќе предизвика четврти бран на инфекција, и тоа само 107 дена пред стартот на Олимписките игри во Токио.
Гувернерот на Осака, Хирофуми Јошимура изјави дека сите улични и јавни настапи се откажани и притоа истакна дека медицинскиот систем се соочува со големи проблеми бидејќи нов сој на вирусот многу брзо се шири помеѓу младата популација.
– Речиси сигурно е дека овој мутиран сој е многу опасен и брзо се шири – изјави Јошимура.
Осака и соседните префектури Хјого и Мијаги во понеделникот ги започнаа подготовките за едномесечен карантин како превенција од ширењето на новиот сој на вирусот.
Последните денови бројот на заразените во Осака го надминаа тој во Токио и другите поголеми јапонски градови, а јапонскиот Јошихиде Суга изјави дека се потребни итни мерки на реонот на Осака може да се прошират на Токио доколку биде потребно.
Олимпискиот оган својот пат низ Јапонија го започна на 25 март и требаше да трае 121 ден, а низ Осака требаше да помине на 14. април. Летните олимписки игри треба да започнат на 23. јули и да траат се до 8. август.