Корисни трикови и совети за сите љубители на лукот

лук
Unsplash

Овој омилен ароматичен зеленчук е совршен додадок за збогатување на јадењата, но при готвење потребно е да знаете неколку трикови.

– За да го ублажите мирисот на лукот, тргнете го зелениот ’ркулец кој е меѓу чешнињата.

– Сите знаете колку може да биде досадно кога лупите лук и кога лушпите се лепат за раце. За да го спречите тоа, претходно ставете ги главиците лук во сад со ладна вода.

– Не фрлајте ги лупените чешниња лук ако ви останат од готвењето. Со нив можете да направите ароматично масло, така што ќе ги ставите во тегла со маслиново масло. Потоа користете го како зачин за разни јадења.

– Кога користите цели чешниња лук за засилување арома на јадењата, можете да ги набоцкате на чепкалки, така ќе останат на површината и лесно ќе можете да ги отстраните.

– Лупените чешниња долго време ќе бидат свежи ако ги ставите во тегла со малку сол и ги прелиете со раствор од вода со оцет во сооднос 2:1. Тој лук можете подоцна да го искористите за шпикување месо, за сите јадења со месо.

– Можете да подготвите и вкусна паста за чорби, таратор, јадења со риби и разни сосови. Во сад ставете иситнети главици лук со сол, додајте малку масло и оцет. Чувајте ја тегличката во фрижидер.

– Непријатниот мирис од белиот лук можете да го отстраните така што рацете ќе ги протриете со малку сол и ќе ги измиете со ладна вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот