Конор Мекгрегор повторно прави инциденти: Овој пат претепа познат ди-џеј, му го скрши носот

Конор Мекгрегор / фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Најпопуларниот ММА борец, Конор Мекгрегор повторно се најде во центарот на скандал. Италијанските медиуми пишуваат дека Мекгрегор на една забава го претепал познатиот италијански ди-џеј Франческо Фачинети.

– Конор Мекгрегор ме удри по устата и ми го скрши носот пред десет сведоци, моите пријатели и телохранителите. Ме нападна без никаква причина и тоа откако два часа разговаравме и се забавувавме – изјави Фачинети.

Ди-џејот на медиумите им откри дека размислувал дали да и се обрати на јавноста или не, но на крајот се одлучи да проговори.

– Можев да молчам за овој инцидент, но кога веќе сум тука, можам да кажам дека точ човек е насилник и е опасен и поради тоа ќе го тужам. Ме удри мене, а можеше да удри и некој друг, како пријателите или сопругата.

Фачинети на својот јутјуб канал ги покажа здобиените повреди, а потоа и неговата сопруга Вилма раскажа што точно се случи.

– Одеднаш Конор го удри Франческо. Конор не повика да одиме на друга забава, Франческо му рече дека одиме, а потоа го удри. За среќа Франческо беше многу блиску до него, па Конор не можеше да го удри посилно. Франческо прво падна на масата, а потоа и на подот. Прво се запрашав дали е некога шега, некое нивно шоу, но потоа се скаменив. Ги видов неговите пријатели како го држат до ѕид бидејќи тој имаше намера да продолжи да го удира Франческо. Го тргнаа на страна, јас ги запалил светлата, но редарите брзо ги изгасија. Франческо беше облеан во крв, сакав да му помогнам, но редарите не одвоија. Конор ќе биде во Италија до 26 октомври и доколку го видите, држете се подалеку од него, немојте да му барате автограми бидејќи тој е нестабилна и опасна личност – објасни Вилма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот