Конечно заврши судската битка за старателството на синот меѓу Сиа и поранешниот сопруг
Пејачката Сиа ја доби судската битка за старателство над својот син Самерсолт Вондер, нарекуван Сами, против поранешниот сопруг Даниел Бернард. Иако, Бернард бараше целосно старателство над нивниот едногодишен син, обвинувајќи ја 49-годишната пејачка за злоупотреба на дроги, судот во Лос Анџелес го одби неговото барање, пренесува „Дејли Мејл“.
Препорачано
Судијата го отфрли итниот приговор на Бернард со образложение дека не доставил никакви нови или уверливи докази кои би го оправдале менувањето на постојниот договор.
Според привремениот судски договор, Сиа има примарно старателство, додека Бернард има право на посети под надзор.
Сија, чието целосно име е Сиа Кејт Изобел Ферлер, поднесе барање за развод во март минатата година, по две години брак.
Во документите поднесени до судот, Бернард тврдел дека пејачката претставува „сериозна и непосредна опасност“ за нивниот 19-месечен син, опишувајќи ја како „неподобна и непостојана мајка која се бори со зависност“.
Барал од судот да му додели 77.245 долари месечно како издршка и истакнал дека нејзиното однесување е „непромислено и опасно“, со целосно негрижа за безбедноста и добросостојбата на Сами.
Во пријавите навел и дека Сиа тајно поминала две недели во болница, при што тестовите на дрога покажале присуство на барбитурати и бензодиазепини, па барал да биде редовно и ненадејно тестирана.
Пејачката ги отфрли сите обвинувања, наведувајќи дека тие се целосно неосновани и манипулативни.
„Тој го користи моето минато за сопствена корист“, изјавила Сиа, додавајќи дека е трезна веќе шест месеци и дека е дел од програма за одвикнување со редовни тестирања и поддршка од терапевт.
Таа истакнала дека се согласила на тестирање, но дека Бернард го одбил тоа. Во документите, Сиа навела и дека неговиот начин на живот не е компатибилен со родителството.
Извор близок до пејачката изјавил дека Сиа, позната по тоа што го крие лицето за да ја заштити приватноста, е скршена од фактот што целиот случај станал јавен.
„Секогаш внимавала да го чува својот приватен живот. Скршено ѝ е срцето што разводот и борбата за старателство се најдоа во јавноста“, рекол изворот, додавајќи дека Сиа е „многу заштитнички настроена кон своето семејство“ и дека јавната изложеност ѝ паднала многу тешко.
Сиа претходно беше во двегодишен брак со режисерот Ерик Андерсон Ланг, кој заврши во 2016 година.


