Конечно постигнат договор: Германија се стекна со 20 отсто удел во Луфтханса

Програмата за поддршка вклучува кредит од три милијарди евра средства од државната банка и конвертабилна обврзница со можност за нејзина продажба за дополнителни 5% државен удел, плус една акција во случај на јавна понуда за преземање, од трета страна.

Луфтханса е многу близу до договор со германската Влада за добивање држав на помош од девет милијарди евра според кој на државата би требало да и отстапи 20 отсто удел во најголемата национална авио – компанија, во настојувањето да ја спаси воздухопловната индустрија од последиците предизвикани од корона кризата.

Германскиот авио – превозник соопшти дека според договорот владата ќе добие две места во надзорниот одбор, но со право на глас само во исклучителни околности, како на пример спречување преземање на компанијата, пренесува „Ројтерс“.

Луфтханса со недели преговара со Берлин за државна финансиска помош, која би и мопогнала да излезе од кризата која предизвика долготраен пад на патувањата, а камен на сопнување во преговорите е прашањето колку контрола државата треба да добие во компанијата, во замена за ваквата поддршка.

Извори вклучени во преговорите наведуваат дека државниот фонд за економска стабилизација се уште не изнел конечна понуда, и дека тоа треба да го стори денеска.

Програмата за поддршка вклучува кредит од три милијарди евра средства од државната банка и конвертабилна обврзница со можност за нејзина продажба за дополнителни 5% државен удел, плус една акција во случај на јавна понуда за преземање, од трета страна.

Во германската авио – компанија се надеваат дека договорот за брзо време ќе биде склучен , со што долгорочно би се обезбедила нејзината солвентност. Германските медиуми доцна синоќа известија дека овој договор е постигнат, а канцеларката Ангела Меркел изјави дека наскоро се очекува договор за пакет помош за Луфтханса, но не изнесе никакви детали.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот