Колку заработи рекордерот Себастијан Саве за историскиот подвиг во Лондон?
Фантастичниот Кениец Сабастијан Саве вчера испиша историја, поставувајќи рекорд како прв човек што истрча маратон за време од под два часа во официјална трка.
Препорачано
Дури 59.000 тркачи учествуваа на патеката во Лондон, меѓу кои и актуелниот шампион Саве, кој ја мина целната линија со рекордно време од 1:59:30.
Со овој резултат, Саве го урна светскиот рекорд од 2:00:35, поставен од покојниот Келвин Киптум на Чикашкиот маратон во 2023 година.
Вреди да се потсети дека уште еден Кенијец, Елиуд Кипчоге, во 2019 година ја истрча маратонската делница за 1:59:40.2, но тоа не беше признато како официјален светски рекорд поради специфичните услови на трката.
Но, колку навистина заработуваат елитните маратонци на вакви натпреварувања?
Победниците на Лондонскиот маратон во машка и женска конкуренција, како и во трките со инвалидски колички добиваат основна награда од 40.000 фунти (околу 46.000 евра), додека второпласираниот инкасира 24.000 фунти (околу 27.700 евра). Сепак, Саве заработи значително повеќе благодарение на бонусите.
Секој натпреварувач што ќе истрча под границата од 2:02:00 кај мажите или 2:15:00 кај жените добива дополнителни 128.000 евра. За поставување светски рекорд, Саве беше награден со уште 106.000 евра, а доби и бонус од 21.500 евра за нов рекорд на Лондонскиот маратон. Така, по трката, Саве инкасираше импресивни 302.000 евра.
ВИДЕО | Дарио Ивановски победник на полумаратонот во Дубровник и постави нов рекорд на патеката


