Фото: facebook.com/Igor MC Jakimovski

ВИДЕО | Дарио Ивановски победник на полумаратонот во Дубровник и постави нов рекорд на патеката

Денеска македонскиот атлетичар Дарио Ивановски беше првопласиран на полумаратонот кој се одржа во Дубровник, Хрватска.

Времето на нашиот натпреварувач по завршувањето на трката беше еден час, шест минути и 30 секунди, што е нов рекорд на патеката.

Во женска конкуренција најбрза беше Британката Јејли Карутерс со време од 1:24:14 ч.

На јубилејниот 10 полумаратон во Дубровник учествуваа нешто помалку од 3000 натпреварувачи од 55 земји, со вкупна должина од 21 километар.

Ова е продолжување на одличните настапи на Ивановски во својата кариера, потсетување, претходно овој месец Ивановски на маратонот во Белград, Србија, успеа да го освои второто место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот