Колку се богати жените околу Трамп? Пари од моделинг, брендови и разводи – МНОГУ! (ФОТО)

Без оглед дали бил оженет со нив или им е татко, Доналд Трамп е опкружен со жени кои се способни да направат огромни суми на пари.

Доналд Трамп: Американски претседател, бизнисмен, ТВ ѕвезда и милијардер. Неговата банкарска сметка поседува неверојатни 2.1 милијарди долари (само пред еден месец тој износ беше за цела милијарда поголем – пандемијата на коронавирусот ги погоди и неговите компании), но што е со жените во неговиот живот и опкружувањето? Како тие дошле до своите милиони?

профимедиа

Ајде да погледнеме:

Не сме изненадени со податоците дека тие се пребогати. Нивните банкарски сметки исто така достигнуваат нули од кои може да ви се заврти во глава. Да, Доналд сигурно им помогнал кога зашкрипело или кога имале некоја исплатлива идеја, но потоа ги пуштил сами да се снаоѓаат.
Еве како тие ги направиле своите милиони:

Иванка Трамп, ќерката на Доналд Трамп – 300 милиони долари

профимедиа

Таа е десната рака на Трамп, ја нарекуваат и „втората ќерка на Америка“. Иванка секогаш била поврзана со корпорациите на својот татко. Му беше советник, а кога се омажи за својот многу способен маж, Џеред Кушнер, богатството започна уште повеќе да се зголемува. Како асистент на својот татко заработила околу 135 милиони долари. Таа е претседател и на Трамп организацијата, менаџер на неговите хотели, но и сопственичка на луксузниот моден бренд кој покрај облека произведува и накит и ташни.

Ивана Трамп, првата сопруга на Доналд Трамп – 100 милиони долари

профимедиа

Ивана се омажила за Доналд Трамп во 1977 година и со него поминала една цела деценија. Му родила три деца, а од тој брак излегла побогата за 25 милиони долари. Кога се развеле, Ивана отворила две компании кои се занимаваат со продажба на облека и производи за нега на кожата. Таа, исто така, е авторка на две книги кои станаа бестселери. Ивана направила дури и неколку филмови, а и самата се појавила во неколку сцени. Најпознатата нејзина филмска улога е забавната комедија со Голди Хан, Дајана Китон и Бет Мидлер „Клуб на првите жени“. Тука остана запаметена по реченицата „Немој да се лутиш, освети се“, кога станува збор за разводите.

Меланија Трамп, сегашната сопруга и првата дама на Америка – 50 милиони долари

профимедиа

Веројатно мислите дека сегашната сопруга на Доналд Трамп, Меланија, станала богата само со венчавката со него. Но не е така. Таа била богата и пред да го запознае сегашниот претседател на Америка. Таа била многу баран модел, работела напорно од својата 16-та година, главно во Париз и Милано, пред да се пресели во Њујорк. Исто така, Меланија своите пари паметно ги инвестирала, па така таа инвестирала поголема сума на пари во накит и козметика. Првата дама нема плата, но нејзините милиони од „минатото“ се уште се зголемуваат, па со самото тоа таа е позната и како една од најбогатите први дами во Американската историја.

Тифани Трамп, ќерката на Доналд Трамп – 10 милиони долари

профимедиа

Тифани само што заврши право на Џорџтаун колеџот, но никој не знае и не може да го претпостави нејзиниот следен потег. Во врска со нивниот однос, често се шпекулира и се наведува дека таа и Доналд Трамп не се во најдобри односи. Еднаш таа спомена дека ја интересира работата со која се занимава нејзиниот татко – недвижнините, но се уште не може да се претпостави со што би се занимавала таа. Трамп ја доби Тифани од краткиот брак со Марла Мејплс. Таа сака луксузен начин на живот, а со своето друштво, синот Меџик Џонсон и ќерката Роберта Кенеди троши незамисливи количини на пари. Пари, кои очигледно ги наследила.

Марла Мејплс, втората сопруга на Доналд Трамп – 5 милиони долари

профимедиа

Таа беше главната причина за разводот на бракот на Ивана и Доналд Трамп. Како сопруга бр.2 таа мислела дека лесно ќе извлече милиони, но во тој период Трамп имал големи финансиски проблеми, дури во еден момент прогласил и банкрот, па така Марла од бракот излегла со само 5 милиони долари. Марла Мејплс била актерка, а во 2016 година се појави и како учесник во хит шоуто „Танц со ѕвездите“. Таа веројатно е најскромна денес од сите жени на Трамп, а неодамна изјави дека ужива во спиритуалноста и дека сака да „прегрнува дрвја“.

профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот