Колку чини денес вистината? Опра интервјуто со Меган и Хари го продала за 9 милиони долари!

Целиот свет со нетрпение го очекуваше итервјуто кое славната американска водителка Опра Винфри го сними со Меган Маркл и Хари. Но, тоа што можеби е поинтересна тема, е тоа колку всушност денес, Опра Винфри е побогата после направеното интервју и колку уште ќе се збогати на негова сметка.

EPA-EFE/NEIL HALL

Кралицата на американското шоу, долго очекуваното интервју на „CBS“ го продала за 7 до 9 милиони долари, се вели во информациите на „The Wall Street Journal“.

Но таа ги задржа меѓународните права за интервјуто, а многу ТВ куќи ширум светот ќе го емитуваат интервјуто по „CBS“, што значи дека буџетот на Опра во наредните години дополнително ќе расте.

Да се потсетиме, британските медиуми пишуваат дека телевизиската мрежа во Велика Британија, „ITV“ би можела да се откаже од прикажувањето на интервјуто со Опра, за кое на американскиот „CBS“ му плати повеќе милиони фунти, бидејќи се најдоа на „удар“ од Британците, кои мислат дека потегот на Хари и Меган не е на место.

„Сакав да се самоубијам“: Меган Маркл и принцот Хари ја шокираа светската јавност во интерјвуто со Опра Винфри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот