Која група луѓе не треба да јаде смокви? Здраво овошје, но не за сите

Фото: Wallpaperflare

Богати се со многу витамини, вклучително и витамини од групата Б, кои помагаат во ситуации на зголемена нервоза и несоница, а исто така, придонесуваат за подобра концентрација и ја поттикнуваат меморијата. Затоа е добро учениците и студентите да ги земаат додека учат, како и сите луѓе чии работни места вклучуваат голем ментален напор.

Сувите смокви се одличен избор за време на постот и за време на студеното време бидејќи на организмот брзо можат да му ја обезбедат неопходната енергија. Нивниот единствен недостаток е тоа што се доста калорични, па затоа треба да бидете умерени во количината.

Јадењето суви смокви е добро и за здравјето на коските, бидејќи тие се одличен сојузник за одржување на нормалната густина на коските. Поради високата содржина на калциум, можат да бидат дури и многу добра замена за млекото и млечните производи, кога од која било причина тие не смеат да се консумираат.

Претпазливост во консумирањето суви смокви се советува за лицата со дијабетес бидејќи содржат многу шеќер. Од истата причина, со нив на треба да претеруваат ниту луѓето што се на диета и сакаат да ослабат. При подготовката на сувите смокви од нив излегува најголем дел од влагата, па затоа се зголемува концентрацијата на гликоза. Сувото овошје има многу калории, па може да им наштети на дијабетичарите. Дури и кај дијабетес тип 1, висококалорична храна е забранета, а да не зборуваме за тип 2.
Сушеното овошје не содржи супстанции што го намалуваат нивото на шеќер. Напротив, тие доведуваат до остар скок во него, што е опасно. Во оваа смисла, сувите смокви се контраиндицирани кај дијабетес мелитус од секаков вид и сериозност.

Исто така, за да траат подолго, во индустриското сушење на смокви се користат сулфур диоксид и сулфити. Меѓутоа, проблемот е што овие супстанции може да предизвикаат алергиски реакции кај некои луѓе, особено кај астматичари, па затоа би било подобро за нив да ги избегнуваат сушените смокви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот