Кој е херојот на Албасете: Промени 20 клубови, дури и го носеше дресот на Реал Мадрид
До вчера никој не слушнал за него, а денес сите прашуваат за фудбалерот на второлигашот Албасете, Хефте Бетанкор, кој моментно е личност број еден во Шпанија.
Препорачано
Овој 32-годишен напаѓач на Албасете влезе во игра во второто полувреме, постигна два гола и го елиминираше Реал Мадрид од Кралскиот куп. Ова беше првата победа на Албасете над Реал во својата 86-годишна историја.
Главен лик на оваа победа е Хефте Бетанкор, дете на мигранти од Малезија, роден во Лас Палмас на 6 јули 1993 година.
Првите фудбалски чекори ги направи во Унион Виеира, потоа во Весиндарио, а потоа во 2011 година дури и го облече дресот на Реал Мадрид. На 18-годишна возраст дојде на проба и играше за Реал Мадрид на еден турнир, но не остана во клубот. Поточно, не остана каде и да играше подоцна, а до Албасете, верувале или не, промени дури 20 клубови.
Откако дебитираше за Еркулес, тој главно играше во втората, па дури и третата шпанска лига, играјќи за девет клуба, потоа од 2018 до 2021 година смени четири клубови во Австрија, потоа по два во Романија и Грција, помеѓу тоа беше на Кипар, а се врати во Шпанија изминатото лето во – Албасете како напаѓач од втората лига и како редовна резерва.
View this post on Instagram


