ВИДЕО | Шок за Реал на дебито на Арбелоа, испадна од второлигаш
Дебито на Алваро Арбелоа на клупата на Реал Мадрид ќе се памети по вистински шок, откако „кралскиот клуб“ неочекувано беше елиминиран од Копа дел Реј од скромниот второлигаш Албасете.
Препорачано
Домаќините славеа со 3-2 во драматичен натпревар, а клучниот погодок го постигнаа во 94. минута, откако во текот на мечот двапати имаа предност. Реал настапи значително ослабен, без дури 11 фудбалери , дел поради повреди, дел поради изборот на Арбелоа, но тоа тешко може да послужи како алиби за уште еден болен удар за мадридскиот гигант, само неколку дена по поразот од Барселона во финалето на истото натпреварување.
Албасете го најави изненадувањето со гол во 42. минута, но Реал успеа да израмни во судиското продолжение од првиот дел преку Мастантуоно, кој најдобро се снајде по една мешаница пред голот. Вистинската драма следуваше во финишот, Бетанкор во 82. минута повторно ги донесе домаќините во водство, Гонзало Гарсија возврати на самиот крај од регуларниот дел, за во 94. минута истиот Бетанкор со атрактивен погодок да донесе еуфоријата на трибините.
Со оваа историска победа, Албасете не само што првпат во своето постоење го совлада Реал Мадрид, туку обезбеди и пласман во четвртфиналето од Копа дел Реј, оставајќи го шпанскиот фудбалски гигант во нова криза.


