Кога си ѕвезда, се ти е дозволено: Том Круз го избегна карантинот, се враќа на снимањето на „Невозможна мисија 7“

профимедиа

Да се потсетиме, снимањето на „Невозможна мисија 7“ е одложено за февруари поради појавата на пандемијата од коронавирусот.

Дури и среде пандемија и светска криза да се биде славна личност со себе носи одредени привилегии. Така на актерот Том Круз му е дозволено да го заобиколи 14-дневниот карантин, кој е задолжителен при доаѓањето во Обединетото кралство, со цел да продолжи да го снима својот нов филм „Невозможна мисија 7“ (Mission: Impossible 7).

Секретарот за култура на Велика Британија, Оливер Дауден изјави дека Круз е дел од малата група на луѓе која може да го избегне карантинот, со цел „континуираните напори безбедното снимање повторно да се воспостави на Островот“.

профимедиа

– Најголемите светски блокбастери и квалитетни серии се снимени во Британија. Нашата креативност, стручност и даночните олеснувања се дел од филмската индустрија која и носи голем профит на нашата економија. Сакаме индустријата да се поврати, а тоа што само еден мал дел од екипата на овој филм ќе го пуштиме да го избегне карантинот, е дел од нашите континуирани напори безбедното снимање повторно да се врати во нашата земја, изјави тој.

Овој исклучок важи само за членовите на екипата која доаѓа во Англија со цел да соработува со студијата и продуцентските куќи кои се британски. Секое студио ќе биде задолжено да создаде безбедна средина, да стане еден вид на „балон“ во кој членовите на екипата ќе престојуваат две недели, без да го напуштат. Истовремено, ќе мораат да ги следат сите барања од здравствениот систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот