Кое чоколадо има психоактивно, дури и антибактериско дејство врз луѓето?

unsplash

Кога шпанските конквистадори за прв пат донеле чоколадо од Мексико во Европа, во почетокот на 16-ти век, чоколадото се сметало за лек, па дури и афродизјак, поради неговите психоактивни состојки кои влијаат на расположението.

И покрај тоа што создава мала еуфорија или чувство на удобност кај консументите, истражувањата покажале дека чоколадото може да има и негативно влијание.

Во културата на Ацтеките, чоколадото било пијалок кој давал сила, мудрост, издржливост и моќ, па затоа играл важна улога во нивните свети ритуали.

Современите истражувања покажуваат дека премногу чоколадо кај некои чувствителни луѓе може да предизвика параноја и да поттикне агресија.

Жените повеќе сакаат чоколадо

Чоколадото има посилно влијание на жените отколку мажите. Кога хормоните „дивеат“, телото има поголема потреба од минерали со кои е богато чоколадото.

Чоколадото има состојки кои во организмот се однесуваат како естроген, а според американските истражувања, мажите кои јадат чоколадо живеат подолго. Жените со недостаток на магнезиум во менопауза, може да почувствуваат силна потреба за чоколадо, но може тоа може да се намали со земање минерални додатоци.

Чоколадото содржи фенетиламин, молекули кои имаат сличен ефект врз мозокот како психоактивните стимуланси и тирамин – форма на аминокиселина. Комбинираното дејство може да го стимулира адреналинот, срцевите отчукувања, да го зголеми крвниот притисок и да предизвика лутина и нервоза. Чувствителните луѓе можат да имаат промени во расположението.

Предизвикува слабеење на коските

Шефот на истражувањето во австралиската болница „Royal Perth“, Џонатан Хоџосон, смета дека оксалатите во чоколадото спречуваат апсорпција на калциум, а шеќерот за возврат го стимулира неговото излачување од организмот. Имено, во болницата била спроведено истражување врз постари жени кои јаделе чоколадо секој ден. Резултатите покажале дека нивните коски биле послаби од оние кои јаделе чоколадо помалку од еднаш неделно.

 

Најважна е умереноста

Производителите на чоколадо во процесот често отстрануваат здрави флаваноли како што е епикатехин, поради нивниот горчлив вкус.

Чоколади 80% какао имаат горчлив вкус, а за оптимални здравствени ефекти треба секогаш да го избирате темното чоколадо со колема концентрација на какао, повеќе од 60%.

 

Добрите и лошите страни на чоколадото се познати, во зависност од каков вид на чоколадо јадете. Темното чоколадо содржи значителни количини на антиоксиданти, биофлавоноиди, витамини и минерали. Тие се богати со алкалоиди кои имаат психоактивно, дури и антибактериско дејство врз луѓето. А сите останати видови чоколадо, се полни со шеќери, масти и адитиви.

Иако е скоро невозможна мисија да изедете само 2-3 коцки чоколадо, сепак во умерено количество чоколадото е безопасно задоволство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот