Фото: Pexels/Polina-Tankilevitch

Ќе заштедите пари: 14 трикови за продолжување на векот на намирниците

Пос­тојат на­чини како да заш­те­ди­те на хра­ната, со оглед на високите це­ни на намирниците во маркетите и на пазарите. Овој на­чин на заш­те­да доста ќе ви помогне, а единстве­но што тре­ба да направи­те е да научите некол­ку три­кови. Ако се прид­ржу­ва­те до сле­дни­ве со­вети, хра­на­та ќе ви трае по­дол­го и на тој на­чин двојно ќе заште­дите.

1. Трик за про­дол­жу­ва­ње на ве­кот на кро­ми­дот и лукот – чу­вај­те ги во хар­ти­е­ни ќе­си со дуп­чиња. Ќе би­дат све­жи и цврс­ти три месе­ци по ку­пу­ва­њето.

2. Чу­вај­те ги ја­бол­ки­те блис­ку до компири­те за да ги спре­чи­те да из­ртат.

3. Пе­чур­ки­те чу­вај­те ги во хар­ти­е­но кесе, а не во плас­тично.

4. Мле­ко­то чу­вај­те го во сре­ди­на­та на фри­жи­де­рот, а не на вратите, за­тоа што на таа тем­пе­ра­ту­ра поб­р­зо ќе се ра­сипе.

5. Јајца­та чу­вај­те на сред­на­та по­ли­ца на фри­жи­де­рот за да тра­ат 3-4 не­де­ли по­дол­го от­кол­ку наз­на­че­ни­от рок на тра­ење.

6. Замрзну­вај­те го ле­бот. Со замрзну­ва­ње на хра­на­та го продолжу­ва­те тра­е­ње­то на мно­гу про­из­води, вклучу­вај­ќи го и лебот (пред да го замрзне­те ста­ве­те го во кесе). Ако са­ка­те да ја про­дол­жи­те свежината на ле­бот до­вол­но е да ста­ви­те стебленце це­лер во ќе­се­то со леб.

7. Во фри­жи­де­рот ста­ра­та хра­на ста­ве­те ја пред све­жата, за да ви би­де на до­фат и прво неа да ја изе­дете.

8. До­ма­ти­те чу­вај­те ги на соб­на тем­пе­ра­тура, а не во фри­жи­дер. Ста­ве­те ги из­ми­е­ни­те до­ма­ти во чи­ни­ја об­ло­же­на со кр­па та­ка што се­ко­ја пе­тел­ка тре­ба да би­де од гор­на­та страна. Оста­ве­те ја чи­ни­ја­та на соб­на тем­пе­ра­тура, избег­ну­вај­ќи сонце и топ­лина. Фри­жи­де­рот го униш­ту­ва при­род­ни­от вкус на до­ма­тот и ја мену­ва не­го­ва­та тек­стура, без ог­лед на тоа што го од­ло­жу­ва не­го­во­то ска­пу­вање. До­ма­ти­те на соб­на темпера­ту­ра мо­жат да ос­та­нат све­жи мак­си­мум два-три дена, за­тоа не­мој­те да ку­пу­ва­те поголема количина.

9. Об­вит­кај­те ги врво­ви­те на ба­на­на­та во фо­лија, па та­ка тие ќе тра­ат 3-5 де­на по­долго. Или пак, раз­де­ле­те ги ба­на­ни­те – по­дол­го ќе тра­ат и по­бав­но ќе по­тем­ну­ваат.

10. Ко­га го се­че­те каш­ка­ва­лот не го до­пи­рај­те со пр­стите. Бактери­и­те од ва­ши­те раце ќе го заб­р­за­ат развојот на му­влата, па кашка­ва­лот пок­рат­ко ќе би­де свеж. За­тоа, се­кој пат ко­га го сечете каш­ка­ва­лот, држе­те ја ра­ка­та пре­ку са­мо­леп­ли­ва фо­лија.

11. Чу­вај­те ги жи­тар­ки­те во фри­жи­де­рот за по­дол­го да би­дат свежи и за да го спре­чи­те нив­но­то рте­ње и про­па­ѓање.

12. Си­ре­ње­то др­же­те го во картон­ска ку­ти­ја или за­ед­но со салатата. Пред да го ста­ви­те си­ре­ње­то во фрижиде­рот, из­ва­де­те го од па­ку­ва­њето, об­вит­кај­те го во хар­ти­ја и пок­риј­те го со плас­тич­но ќесе. По­тоа ста­ве­те го во ма­ла картон­ска ку­тија, или ос­та­ве­те го во ис­та­та фи­о­ка ка­де што ви стои са­ла­тата. Во се­кое си­ре­ње се на­о­ѓа­ат здра­ви бак­те­рии, на кои им е пот­реб­на влаж­ност и кислород за да оп­ста­нат. До­кол­ку на овој на­чин го чу­ва­те сирењето, тие по­дол­го на не­го ќе се зад­ржат, па та­ка и си­ре­ње­то по­дол­го ќе ос­та­не без му­вла.

13. Ста­ве­те ги ком­пи­рот и кро­ми­дот во две раз­лич­ни ќе­си и обрне­те вни­ма­ние да не би­дат со­се­ма затворени. Др­же­те ги одвоени на тем­но и сту­де­но место, на кое тем­пе­ра­ту­ра­та е по­ме­ѓу седум и 12 сте­пени. Ко­га кро­ми­дот и ком­пи­рот се чу­ва­ат во ист сад или кесе, ме­ѓу нив до­а­ѓа до хе­мис­ка ре­ак­ција, па та­ка побрзо се ра­си­пу­ваат.

14. Оце­тот е мно­гу до­бар за за­чу­ву­ва­ње на све­жи­на­та на зрнестото овошје. Из­миј­те го овош­је­то со три чаши во­да и ед­на ча­ша оцет, па пов­тор­но из­миј­те го и ос­та­ве­те да се исуши. По­тоа ставете го овош­је­то во сад об­ло­жен со кр­па и зат­во­ре­те го, но задолжи­тел­но ос­та­ве­те го ка­па­кот мал­ку от­во­рен, за да ис­па­ри влага­та од са­дот. Оцет­на­та ки­се­ли­на од оце­тот ќе ги убие непотреб­ни­те бак­те­рии и ќе ја од­ржи све­жи­на­та на овошје­то со де­нови, а можеби и со не­дели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот