Фото: МВР на Србија

Ќе се казнува и слушањето прегласна музика во кола – најстрог сообраќаен закон во Србија досега

Србија го подготвува најстрогиот Закон за безбедност во сообраќајот досега, кој треба да стапи во сила од јануари наредната година, со дополнителни уште построги санкции од 2026 година. Според најавите на шефот на Управата за сообраќајна полиција, Славиша Лакиќевиќ, досегашните казни од 3.000 и 5.000 динари (околу 25-40 евра) ја изгубиле својата превентивна улога и ќе бидат значително зголемени.

„Поевтините“ прекршоци ќе се казнуваат со тројно повисоки суми, а казните за посериозните прекршоци се удвојуваат. За одредени, досега класифицирани како „помали прекршоци“, се планираат санкции и до 50.000 динари, пишува Нова.рс.

Меѓу нив се неносење сигурносен појас, користење мобилен телефон при возење, пребрзо возење во населени места, возење мотоцикл, мопед или електричен тротинет без кацига, но и слушање прегласна музика во возилото, доколку таа го оневозможува возачот да ги слушне звуците од околината и другите учесници во сообраќајот.

– Во овој момент можам да кажам дека е факт дека казните ја изгубија својата намена, особено казните во фиксен износ од 3 и 5.000 динари (25-40 евра), кои се плаќаат во рок од осум дена. Значи, дефинитивно значително ќе ги зголемиме казните за членовите 334, 333 и 332а. Сега ја разгледуваме можноста тие казни да бидат во износ од 10.000, 15.000 и 20.000 динари (85-170 евра) – изјави Лакиќевиќ.

Новите законски измени предвидуваат и укинување на можноста за плаќање половина од казната во рок од осум дена за повторени прекршоци. Доколку истиот прекршок се повтори втор, трет или повеќе пати, казната автоматски ќе се зголемува за 50 отсто.

Покрај финансиските санкции, се разгледува и воведување казнени поени за прекршоци како неносење сигурносен појас и користење мобилен телефон, како и построга казнена политика за возење под дејство на алкохол и психоактивни супстанции.

Посебно строги мерки се најавуваат за возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, а во возилото имаат дете. Во такви случаи се предвидуваат драстично повисоки казни, повеќе казнени поени и задолжителни заштитни мерки.

И во Атина се тестираат камери, тамошните се со вештачка интелигенција – за четири дена 2.000 прекршоци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот