Кинеските универзитети преминуваат на онлајн настава, за да ги спречи масовните демонстрации

Foto: Profimedia

Кинеските универзитети ги испраќаат студентите дома, а полицијата патролира во Пекинг и Шангај за да ги спречи најголемите демонстрации во последните децении, во кои се бара оставка од кинескиот лидер Си Џинпинг поради строгите ограничувања за борба против коронавирусот.

Властите олеснија некои мерки по демонстрациите во најмалку осум градови, но не навестија дека се повлекуваат од нивната „нула-ковид” стратегија, согласно која со месеци милиони луѓе се затворени во своите домови. Безбедносните сили приведоа непознат број луѓе и го зголемија надзорот.

Бројот на полициските патроли денеска е зголемен, па немаше извештаи за протести во Пекинг, Шангај и други поголеми градови.

Пекингшкиот универзитет Сингхуа, каде што студентите се собраа за време на викендот, и други училишта во главниот град и јужната провинција Гуангдонг соопштија дека ги испраќаат учениците во нивните домови со организиран превоз „за да ги заштитат од Ковид-19″.

„Растурањето” на учениците во далечните родни места ја намалува веројатноста за нови демонстрации. Кинеските лидери се особено внимателни кон универзитетите кои беа жаришта на активизам, вклучително и протестите на Тјенанмен.

Девет студентски домови на Сингхуа беа затворени вчера, откако неколку студенти беа позитивни на „Ковид-19″, додека универзитетот за шумарство во Пекинг, исто така, соопшти дека ќе организира студентите да се вратат дома и покрај тоа што сите негови студенти беа негативни на тестот за вирусот.

Универзитетите соопштија дека наставата и завршните испити ќе се одвиваат онлајн.

„Властите се надеваат дека со чистењето на кампусот ќе ја „разблажат ситуацијата, оцени Дали Јанг, експерт за кинеска политика од Универзитетот во Чикаго.

Сепак, тој очекува дека протестите ќе продолжат со нови групи кои ќе се менуваат на различни места.

Инаку генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, денеска во Берлин изјави дека е време Кина да престане да ја следи стратегијата за масовно затворање на населението за да го спречи ширењето на коронавирусот.

Во интервју за АП, како што пренесува Бета, Георгиева ја повика Кина да ја преразгледа својата „нуlа ковид” политика, која го изолира секој случај на инфекција со вирусот, бидејќи таа стратегија „влијае на луѓето и економијата”.

ММФ: Кина да ја преиспита политиката „нула ковид“, која има последици врз светската економија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот