Супермесечина во Дубаи - Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Кинеските научници открија нови минерали на Месечината кои не постојат на Земјата

Кинеските научници идентификуваа два нови лунарни минерали богати со таканаречени „реткоземни елементи“ во примероци собрани од мисијата „Чанг’е-5“.

Новите минерали, наречени магнезиохангензит-(Y) и ченгзит-(Ce), се официјално одобрени од Меѓународната минералошка асоцијација, пренесува „Глобал тајмс“.

Ова ги прави седмиот и осмиот познат лунарен минерали откриени во примероци од Месечината.

Научниците изјавија дека кристалите се екстремно мали, со големина само неколку микрометри, но дека даваат важни информации за составот и геолошката историја на Месечината.

И двата минерали припаѓаат на групата ретки фосфати и покажуваат уникатни структури кои немаат целосни паралели на Земјата.

Истражувањата покажаа дека примероците од кинеската мисија содржат поголема концентрација на лесни ретки земни елементи, како што е цериумот, за разлика од претходните примероци собрани за време на програмата „Аполо“, кои беа побогати со тешки ретки земни елементи.

Научниците истакнуваат дека ова откритие придонесува за подобро разбирање на формирањето на Месечината, нејзината магматска еволуција и дистрибуцијата на хемиските елементи, но исто така отвора можности за идно користење на лунарните ресурси, вклучително и развој на нови материјали и технологии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот