Ким Кардашијан се расплака среде емисија во која зборуваше за семејната драма со Канје Вест (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Славната старлета се расплака во интервјуто со Дејвид Летерман…

Најпознатата ријалити ѕвезда на светот Ким Кардашијан (39) се расплака среде интервјуто додека зборуваше за брачната криза и драма со сопругот Канје Вест (43).

Имено, 39-годишната ѕвезда се појави во емисијата на Дејвид Летерман под називот „На мојот следен гостин не му е потребна најава“. Во трејлерот за емисијата се гледа како ријалити ѕвездата плаче во момент кога интервјуто добива емотивен пресврт.

Фото: Профимедиа

– Се прашувам зошто плачам? За тоа веќе сум зборувала, изјавува Ким.

– Не, не, не. Дали си добро?, изјави Летерман кој се обиде да ја утеши ѕвездата.

Фото: Профимедиа

Враќањето на шоуто на Летерман на Нетфликс е закажано за 21 октомври, каде во серијата интервјуа тој зборува со Ким, Лизо, Дејв Шапел и Роберт Дауни Џуниор.

Темата на разговорот во емисијата допрва треба да се открие, но впечатливите снимки од емотивниот крах на Ким кој досега ретко се случувал, доаѓа во средина на гласините за брачната драма со Kанје Вест.

– Ким е на чекор до поднесување на барање за развод, но прво сака да седне со Kанје и да разговара за важни прашања како децата и финансиите, изјави извор близок на семејството.

Погледнете го трејлерот од претстојните интервјуа на Летерман…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот