Ким Кардашијан прави пауза од правосудниот испит: „Ова ми ја уништи самодовербата“
Ким Кардашијан наводно решила привремено да се повлече од полагањето на калифорнискиот правосуден испит, по неуспешниот обид минатата година.
Препорачано
Според Ти-ем-зи, 45-годишната ѕвезда од „Семејството Кардашијан“ („The Kardashians“) го прескокнала февруарскиот рок, а засега не планира повторно да полага ниту во јули. Извори блиски до неа тврдат дека нов обид би можел да следува дури во 2027 година.
Кардашијан досега само еднаш го полагала главниот правосуден испит во Калифорнија. Сепак, претходно трипати падна на почетниот правосуден испит, задолжителен за нејзината правна пракса, пред конечно да го положи од четврти обид во 2021 година.
Минатиот ноември таа јавно призна дека не успеала да го положи испитот што го полагала во јули.
„Па… сè уште не сум адвокат. Само глумам многу добро облечена адвокатка на телевизија“, напиша тогаш на Инстаграм.
Таа додаде дека, и покрај неуспехот, нема намера трајно да се откаже од својата правна кариера.
„Шест години сум на ова правно патување и сè уште сум целосно посветена додека не го положам испитот. Нема кратенки, нема откажување – само повеќе учење и уште поголема решителност“, порача Кардашијан.
Во интервју за магазинот „Тајм“, Ким призна дека неуспехот сериозно ѝ ја нарушил самодовербата.
„Кога ги добив резултатите, не се чувствував добро. Долго време бев несигурна и без самодоверба“, изјави таа.
Во една епизода од ријалити-шоуто „Семејството Кардашијан“, Ким низ солзи зборуваше и за психичкиот и физичкиот притисок што го чувствувала додека се подготвувала за испитот.
„Ова е исцрпувачки. Удрив во ѕид“, рекла таа, додавајќи дека поради стресот едвај можела да оди и да седи.
Инаку, Кардашијан во моментов глуми адвокатка и во новата серија на Рајан Марфи – „Сè е фер“ („All’s Fair“).
Ким Кардашијан станува продуцентка на Бродвеј – претставата се занимава со кривично право


