Ќерката на Моника Белучи и Винсент Касел наполни 16 години – Винсент и честиташе со емотивна фотографија (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Актерот Винсент Касел објави фотографија со најстарата ќерка од бракот со Моника Белучи, Дева, и ја покажа неверојатната сличност на 16-годишното девојче со убавата мајка.

„Честитки, љубов“, напиша тој покрај црно-белата фотографија што ја објави по повод 16-тиот роденден на тинејџерката. Во коментарите следбениците не престанаа да прават споредби со познатата Моника.

Фото: Инстаграм

„Таа ја наследила целата убавина на нејзината мајка, чудо“, „Изгледа како Моника“, „Прекрасна е, исто како и нејзината мајка“, „Моника ,иста комплетно, каква убавица“, „Дева е неверојатна како и нејзината мајка“, пишуваат придружниците на Винсент со роденденските честитки.

Фото: Инстаграм

Винсент од бракот со Моника Белучи има две ќерки, 16-годишната Дева и пет години помладата Леони.

Фото: Инстаграм

Минатата година актерот ја доби ќерката Амазон со манекенката Тина Кунаки, која е 30 години помлада од него. Тој беше во брак со Моника од 1999 до 2013 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот