Ќерката на Брус Вилис и Деми Мур објави чудна порака и фотографија на која таа е целосно гола

Фото: Инстаграм

Талула Вилис објави необична и чудна фотографија под која напиша уште почуден текст, а истата ја објави на социјалната мрежа Инстаграм.

Најмладата ќерка на поранешниот холивудски пар, Брус Вилис и Деми Мур, позираше целосно гола во фетусна положба на трева, а фотографијата е втор дел од триделните објави во која што Талула објавува фотографии од својот дом.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tallulah (@buuski)


„Се збогувам со овие ѕидови во чија внатрешност цветаше љубовта, пријателите стануваа семејство, животните доаѓаа и си заминуваа, празен простор во кој се родијa непознати задоволства на дизајнот на ентериерот“, започна оваа 27-годишна девојка која што како и своите две постари сестри Скаут и Румер се бореше со зависност поради тешкиот тинејџерски период предизвикан од лошите односи на нејзините родители по нивниот развод.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tallulah (@buuski)


„Го допрев дното меѓу овие ѕидови, поставував безгласни прашања од кои што и денес се плашам. Го обвинував домот и сакав да побегнам. Но, среде сите негови трансформации и моите промени на фризурата, се чувствувам целосна. Како заљубена жена која се бори за среќа во секој нареден ден и зборува погласно, отколку што некогаш мислела дека ќе може да зборува. Поради тоа ќе земам што ми треба, а остатокот ќе ти го оставам тебе слатки доме затоа што постојат уште многу работи кои треба да ги преживеам“, заврши таа, а од „Daily Mail“ веруваат дека Талула со оваа објава најавила преселба во нов дом со своето момче Дилон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tallulah (@buuski)


Инаку, нејзините родители по разводот, кој што се случи пред 20 години, биле во многу лоши односи, но денес наводно се добри пријатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот