Кејт Хадсон морала да се здебели 7 килограми и да престане со негата на телото: Причината е неверојатна
Актерката Кејт Хадсон отворено проговори за својата физичка трансформација за улогата во мјузиклот „Song Sung Blue“, кој премиерно беше прикажан на Божиќ 2025 година во САД. За потребите на улогата, Хадсон морала да се здебели седум килограми и да ја прескокне својата вообичаена рутина за нега на кожата, со цел целосно да го реализира ликот на Клер Сардина, пренесува „Пипл“.
Препорачано
Актерката вели дека тој период го искористила за да се опушти и да ужива, наместо строго да внимава на дисциплината и вежбањето.
„Овој филм беше забавен, не морав да внимавам што јадам. Се здебелив седум килограми, само за да бидам убава и мека. Беше празничен период, па беше совршено. Не вежбав многу“, изјави таа.
Филмот „Song Sung Blue“, кој премиерно беше прикажан на Божиќ, е базиран на документарен филм од 2008 година и ги следи раните денови на бендот, како и односот меѓу Клер и Мајк.
Пред официјалната премиера, Хадсон и Хју Џекмен меѓусебно го пофалија заедничкото искуство и работата на филмот. За време на заедничко интервју за „People“ на , Хадсон за својот колега изјави:
„Неговата супермоќ е поврзувањет, било на сцена, било на сет, со кого било“.
Џекмен возврати дека работата со Хадсон го направила „подобар актер“, истакнувајќи ја нејзината способност истовремено да биде „подготвена и инстинктивна“ во работата.
Актерите зборуваа и за нивното прво заедничко пеење пред почетокот на снимањето на „Song Sung Blue“. Хадсон во декември 2025 година изјави:
„Снимавме уште пред воопшто да започнеме со филмот. Седевме на кауч со два микрофона и имавме момент од типот: ’Како ќе функционира ова?‘. Не се познававме баш добро“.
Џекмен додаде:
„Изгледаше како да си дома. Јас бев малку нервозен во студиото, повеќе отколку на сцена, но ти беше многу опуштена.“
Хадсон призна дека била „нервозна“ дали сè ќе испадне како што треба, а Џекмен истакна:
„Сè течеше лесно. Се сеќавам дека додека ги пеевме песните на Нил, кои најчесто се соло, хармониите и дуетот што го изведовме беа практично создадени на самото место“.


