Ќе се снима филм за Елвис Присли: Кој актер ќе ја има честа да го игра неговиот лик!

профимедиа

Пристигнаа одлични вести, најавено е снимање на филмот за кралот на рокенролот.

Во подготовка е нов филм за Елвис Присли, чие снимање е планирано за почетокот на следната година.

Режијата ја прифати славниот режисер Баз Лурман, а суштината на филмот ќе биде односот на пејачот и неговиот менаџер Кол.

Додека улогата за менаџерот му е доверена на славниот актер Хом Хенкс, за улога на легендарниот пејач е избран младиот актер Остин Батлер, кој оваа вест ја потврди и на својот Инстаграм.

Доколку досега не сте слушнале за него, вистинско време е да откриете која е оваа холивудска надеж.

Неговата актерска кариера започна сосема случајно кога актерски агент како 13-годишник го сретна на еден саем.

Се проба и на Бродвеј, а освен со актерство, се занимава и со музика. Тој свири гитара и клавир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот