Ќе се ИЗНЕНАДИТЕ што би се случило кога СИТЕ БИ ПРЕСТАНАЛЕ ДА ЈАДАТ МЕСО (ВИДЕО)

Дури и ако не сте загрижен вегетаријанец или веган, веројатно сте свесни дека месната индустрија е далеку од нешто што би можеле да го сметаме за идеално.

И можете да замижите на илјадниците видеа кои вашите „веге-пријатели“ ги споделуваат на своите профили, но факт е дека производството на место негативно се одразува на околината и дека тоа што го внесувате во себе не е нужно најквалитетната храна од понудата.

Затоа не би требало претерано да ве шокира кога ќе прочитате дека се повеќе млади во светот полека преминуваат на вегетаријанството или веганството, а дури и се поголем број на стари лица полека сфаќаат дека подобро се чувстваат кога консумираат помалку месо.

Накратко, консумацијата на месото значително опаѓа од година во година во сите развиени земји.

Сето ова пред нас го става прашањето што би се случило кога апсолутно сите би престанале да јадат месо.

Одговор на ова прашање се обиде да даде екипата на Vice која разговараше со експерти кои размислуваа на оваа тема и кои се обидеа да го дадат најточниот одговор.

Дали фармерите ќе останат без работа? Дали би биле посреќни и поздрави или престанокот на консумацијата ќе предизвика одредени проблеми за кои не сме ни размислувале?

Влијанието на економијата и сточарството (Тимоти Ланд, професор на Градскиот факултет во Лондон)

„Одговорот на прашањето дали би можеле да ја одржиме месната индустрија без животните е голема дебата во мојот свет. Можеме ли да замислиме земјоделие без животни? Можеме ли да замислиме да продолжиме со ова што го правиме и тоа да го направиме уште побрутално? Животните, кравите и овците, се големи причинители на стакленичките гасови и ние користиме многу „скриени“ земји за нив. Амазонската прашума исчезнува за да би можеле да одгледуваме соја со која ги храниме животните во Европа кои ги јадеме. Одгледуваме многу житарки во Британија и Европа и со кои ги храниме животните. Животните некогаш беа дел од циклусот на плодноста, ротацијата и развојот, но ги претворивме во наши соперници, не само во смисла на користењето на земјата туку како големи корисници на тлото, ресурсите и храната. Мораме драматично да го намалиме користењето на животни во Британија“.

Ланд тврди дека така драстични промени драстично би се одразиле и на земјоделците кои ќе треба да развијат нови вештини и тоа би ја трансформирало агрокултурата на секоја земја.

„Политичарите се уплашени, но мораат да се соочат со овој проблем. Составот на прехрана присилно ќе се менува поради климатските промени, недостатокот на вода, популистичките промени. Имаме состав кој е базиран на тоа народот да е сит благодарение на интензивните агрокултурни методи. Знаеме дека тоа мора да се промени“.

Што се однесува на периодот на трансформација, тој би траел најмалку 30 години, но индустријата нема да биде во состојба тоа самостојно да го реши, туку ќе биде потребна и промена на потрошувачката култура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот