Карењо-Буста и Хуркач во финалето на мастерсот во Монтреал

Хуберт Хуркач/фото го слави пласманот во финалето на мастерсот во Монтреал/фото: EPA-EFE/ANDRE PICHETTE

Во финалето на мастерс турнирот од серијата 1000 во Монтреал ќе играат Пабло Карењо-Буста и Хуберт Хуркач.

Карењо-Буста во полуфиналето го победи Британецот Даниел Еванс во три сета и тоа со 7:5,6:7,6:2.

За 31-годишниот Шпанец ова ќе биде 12. финале во кариерата, а второ годинава. Во првото финале, во Барселона тој загуби од сонародникот Карлос Алкараз. Досега има освоено шест титули, а последната ја освои минатата година во Хамбург.

Хуркач во полуфиналето пак беше подобар од Каспер Руд исто така во три сета 5:7,6:3,6:2.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот