Капитенот оптимист, Ѓорѓиев: Борбата за осминафинале на ЕП не е завршена

Фото: facebook.com/volleyballmkd

Како и во Љубљана пред две години, повторно пораз на македонските одбојкари од Финска, овој пат на отворањето на 32 Европско првенство.

И вчера во Тампере со 3:1 во сетови (25:20, 25:15, 24:26, 25:22), со моменти за кои треба да се држиме и со осцилации во играта кои треба да ги надминеме.

– За жал, го загубивме првиот натпревар против Финска. Мислам дека се случи истото како пред две години, изгоревме во таа голема желба за победа.

Сè уште тврдам дека ние сме подобра репрезентација од Финците, но тоа не се покажа на теренот. Многу ми е жал, многу ни е мака на сите, после непроспиената ноќ, тука сме сите заедно, разговараме. Имавме видео и ќе се подготвиме за следните четири мечеви кои се пред нас.

Историјата покажува дека на секој натпревар играме сè подобро и подобро, така што се надевам дека и овојпат ќе биде така. Дека ќе ја израдуваме накедонската јавноста и борбата за осминафинале сè уште не е готова – вели капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев.

Наредниот натпревар на Македонија е в петок со Холандија, а потоа ќе играме со Турција, Шпанија и Русија. По вчерашниот пораз, осминафиналето е далеку, но нашата селекција предводена од Душко Николиќ е во Тампере за да игра и се бори за победи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот