Камила не сака да го види принцот Чарлс ниту за годишницата од бракот

Фото: Инстаграм

Светската јавност неодамна беше шокирана од веста дека 71-годишниот принц од Велс, принцот Чарлс е заразен од коронавирусот. Но, иако принцот од коронавирусот закрепна во рекорден рок, што збуни многумина, неговата сопруга Камила Паркер Болс се уште, за секој случај, не сака да го види, пренесува Дејли Мејл.

Иако нејзиниот сопруг беше позитивен на вирусот, кој за само седум дена го прележа, Камила не е заразена, па затоа дава се од себе тоа така и да остане.

И двајцата во моментот се наоѓаат во изолација во Шкотска, но живеат во различни делови од својата вила и немаат никаков физички контакт.

– Тоа особено тешко му паѓа на прицот Чарлс, особено поради тоа што тој и неговата драга требаше да ја прослават годишнината од бракот, а сега тоа нема да биде можно. Својата љубов тие требаа да ја обележат со голема, луксузна забава, а тоа сега нема да се случи. Камила е одвоена од него и не сака да има никаков контакт, бидејќи тој беше позитивен на коронавирусот, а таа не. Домот има шест спални соби, па така таа успешно стои на далечина од него, откри Фил Дампијер, експертот за кралското семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот