Камбек на Владимир Кличко, се готви меч со Тајсон Фјури
Познатиот боксерски промотор Турки Алалших сака да му даде шанса на Ункраинецот да биде најстариот светски шампион на сите времиња
Саудискиот боксерски промотор Турки Алалших сака да направи реванш од соништата меѓу Тајсон Фјури и Владимир Кличко.
Се појавија неверојатни извештаи дека 48-годишната легенда во тешка категорија Кличко разговарал за камбек во пресметка за светската титула во верзијата ИБФ со Даниел Дубоа.
Мечот не се реализираше, но украинската ѕвезда, наводно, сака да направи камбек. Тој ја одржува формата од неговото пензионирање во 2017 година.
Еден од најголемите ривали на Кличко е британскиот тешкаш Тајсон Фјури, кој во 2015 година му ги зеде обединетите светски титули во неговата претпоследна борба во кариерата.
Двојката требаше да боксува реванш во јули 2016 година, но Британецот беше принуден да се повлече, а презакажаниот датум исто така беше откажан бидејќи Фјури не можеше да излезе на рингот.
– Сонувам да го видам тој меч за да му дадам шанса на Кличко да биде најстариот шампион во тешка категорија досега. Да му се даде шанса. Тоа е совршено. Тоа е сонот – вели Саудиецот.
Камбекот на Кличко може да му даде единствена можност да стане најстариот шампион во тешка категорија на 48-годишна возраст.
Легендата во тешка категорија Џорџ Форман моментно го држи рекордот откако стана носител на светска титула на 45-годишна возраст во 1994 година.
Форман до титулата дојде со прекрасен нокаут над Мајкл Мурер во десеттата рунда, 21 година од неговата прва светска титула во 1973 година.