Калин Ивановски падна за три позиции на АТП листата

Македонскиот тенисер Калин Ивановски/фото: mtftennis.mk

Новото рангирање на АТП листата не донесе поголеми поместувања за македонските тенисери особено што сите останаа на истиот број на поени од претходната недела.

Калин Ивановски има пад од три позиции и сега се наоѓа на 308 место со 176 поени.

Горазд Србљак има скок од шест места за моментно 1066 позиција со 10 поени, додека Обрад Марковски е на 1474 место со три поени (скок 11 позиции).

Во конкуренција на двојки Ивановски е на 628 место – скок од пет позиции со 79 поени, а Берк Бугариќ е рангиран на 1361 место со 16 поени.

Марковски има пад од две места и е на 1485 позиција со 13 поени, додека Елдин Хусеиновиќ со три поени има напредок од четири позиции и е рангиран на 2125 место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот