Каква промена! Издание во кое Џенифер Лопез изгледа речиси непрепознатливо (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Улицата Родео Драјв во калифорнискиот град Беверли Хилс е омилена шопинг дестинација за многу славни лица.

Меѓу нив е и Џенифер Лопез. Латино дивата ги прошета сите продавници на луксузните брендови во друштво на ќерката Ема, синот Макс и ќерките на својот вереник Алекс Родригез, Наташа и Еле.
Џенифер за ова лежерно излегување избра модна комбинација во каква што досега не сме ја виделе.

Тесните модни парчиња се карактеристични за нејзината гардероба, но дури и кога избира пошироки и предимензионирани парчиња облека, таа ги комбинира во склад со својот стил.

Фото: Профимедиа

Овој пат таа целосно се оттгна од својот стил и вообичаеното издание, особено кога станува збор за обувките.

Фото: Профимедиа

Кафените пантолони со широк крој ги комбинираше со предимензионирана кошула во бела ноја, а на нозете носеше чевли наречени оксфордки во кафена боја.

Фото: Профимедиа

Со оглд на тоа во какви комбинации ја гледаме вообичаено, во ова беше целосно непрепознатлива.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот