Каква е Сиртфуд диетата со која Адел ослабе 45 килограми – „Не изгледа ригорозно, но тоа е тешка работа и непријатно искуство“

профимедиа

Адел неодамна се пофали со резултатите од диетата објавувајќи фотографија на Инстаграм, која нејзините фанови ги остави во неверување. Таа наведе и дека, за добиените резултати, покрај диетата, се заслужни и пилатесот и тренинзите три пати неделно.

Сиртфуд диетата овозможува да се слабее додека таа сепак не ви ги забранува вкусните залчиња како што се црвеното вино и црното чоколадо.

Диетата главно вклучува овошје и зеленчук богати со соединението сиртуин, кое, ги поттикнува гените кои го забрзуваат согорувањето на масти и се состои од две фази кои се повторуваат.

Диетата има две фази

Првата фаза е позната како хипер-успех фаза а вклучува седумдневен план што, според авторите, помага да загубите околу 3 килограми за една недела.

Во првите три дена внесувањето на калории е ограничено на 1.000 калории дневно, а се состои од 3 Сиртфуд зелени сокови, плус еден целосен оброк од Сиртфуд храната.

Од четвртиот до седмиот ден внесувањето на храна се зголемува на 1.500 калории, а се состои од 2 Сиртфуд зелени сокови и два обилни оброци од Сиртфуд храната.

Втората фаза е „14-дневна фаза на одржување“ во којa и натаму има континуиран процес на слабеење и вклучува три главни оброци, а исто така и многу зелени сокови.

За појадок можете да консумирате: омлет кој содржи кељ, јогурт со мусли и боровинки и овошно смути од овесни снегулки и соино млеко.

За ручек и вечера, на менито се салата од туна со додаток на домати, краставици и маслиново масло, тофу сирење, грилувана риба, интегрален леб, салата од кељ со црвен кромид и грав, интегрален ориз зачинет со кари.

Од меѓуоброците, пијалоците и грицките дозволени се: кафе, свежо овошје (особено јаболки, јагоди и портокали), хумус, целер, ореви, црно чоколадо.

Тоа значи дека доколку се одлучите за оваа диета ќе конзумирате кељ, хељда, јагоди, цитрус, урми, маслиново масло, црна чоколада, зелен чај, црно винo, јаболки, магдoнос, црвен кромид, куркума, боровници… Месото не спаѓа во оваа група, но е дозволено. Важно е само да не ги замени „сиртуин” намирниците.

По завршувањето на диетата

Можете да ги повторите овие две фази онолку пати колку што сакате доколку се уште имате вишок на килограми. Во спротивно, идејата е да продолжите со правење на вашата вообичаена исхрана што е можно повеќе „сиртуинска“ со додавање на што е можно повеќе различни сиртфуд производи во сите ваши оброци. Исто така, се препорачува да продолжите да пиете една чаша сиртфуд зелен сок секој ден. Со тоа ќе направите вистинска промена во исхраната и ќе постигнете далеку подобри резултати отколку само со еднократно спроведување на диетата.

За 20 најмоќни сиртфуд производи се сметаат: кељ, црвено вино, јагоди, кромид, соја, магдонос, маслиново масло, темно чоколадо (85 проценти какао), зелен чај, хељда, куркума, ореви, рукола, чили пиперчиња, црвена цикорија, боровинки, кафе, ловаж, урми и капари.

Нутриционистите за оваа диета велат дека таа не изгледа ригорозно, но сепак е тешка работа и непријатно искуство, бидејќи во деновите кога ви се дозволени само 1.000 калории на ден, може да почувствувате вистинска мака и недостаток на сила. Доколку вежбате тоа дополнително ќе биде нагласено, а вежбањето сепак е неизоставен дел од еден процес кој е наречен слабеење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот