Како зимницата да не се расипе: Три грешки што ги прават домаќинките
Сега е вистинско време за подготовка на зимница и повеќето домаќинки веќе почнаа да набавуваат овошје и зеленчук. Без разлика дали користите проверени и испробани рецепти, често се случува зимницата да се расипе. Постојат многубројни причини за тоа, а во продолжение ви донесуваме на што треба да внимавате за да трае вашата зимница што подолго.
Препорачано
Неправилно стерилизираните тегли, употребата на презрело овошје и зеленчук, лошите места за складирање доведуваат до расипување на вашата зимница.
1. Неправилно стерилизирани тегли
Ако теглите се слабо или недоволно стерилизирани, во нив може да останат бактерии и разни штетни микроорганизми, кои можат да доведат до ферментација на овошјето и на зеленчукот. За да се избегне ризикот од оваа појава, важно е стерилизацијата да се изврши правилно. Добро измиените тегли и капаци наредете ги во плех и ставете ги во рерна загреана на 180 степени, околу 15-20 минути. Исто така, внимавајте добро да ја затворите зимницата во теглите, односно капакот добро да го прицврстите за да не влезе воздух во нив.
2. Употребувате презреано овошје и зеленчук
Многумина веруваат дека зимницата ќе биде повкусна ако користат зрело овошје и зеленчук, но тоа не е така. Овошјето многу побрзо ќе се распадне и ќе се расипе, дури и кога користите конзерванси. Затоа, изберете цврсти плодови што не се оштетени и немаат дамки (точки).
3. Лошо место за складирање
Зимницата ќе трае подолго ако се чува на место каде што нема провев, влага, топлина и каде што нема сончева светлина. Сето тоа се фактори што влијаат врз забрзаната ферментација на овошјето и на зеленчукот во теглата и нивното побрзо расипување.


