Како сопругата на Икарди, по аферата со Марадона, стана најзгодната жена во фудбалот (ФОТО+ВИДЕО)

Мауро Икарди на секаков начин се обидува да го спаси бракот со Ванда Нара/Инстаграм/wanda_icardi

Некогаш важела за „грдото пајче“, а денес е една од најпосакуваните убавици…

Случајно или не, пред неколку дена на социјалните мрежи се појавија фотографии од Ванда Икарди од младоста.

На фотографиите јасно се гледа дека сопругата на Мауро Икарди, која во моментот е секс симбол и која ужива во луксузот, некогаш била „грдото пајче“.

Таа во меѓувреме стана и фудбалски агент на Мауро, а е една и од членките на спортската емисија која се емитува во Италија.

Сепак, пред некои 14-15 години, Ванда ја нарекуваа „старлета во подем“. Особено поради тоа што била „уловена“ како влегува во хотел во кој бил и Диего Армандо Марадона.

А пред две години Мирта Легранд, познатата аргентинска актерка и ТВ водителка, раскажа во јавноста дека Ванда имала секс со Марадона по што започнал нејзиниот подем.

– Ручав во еден хотел во Мар дел Плата и кога тргнав да излезам надвор ми пријде Ванда со прашањето: „Зошто не ме повикаш во својата емисија?“ Јас и одговорив: „Дали ти беше таа што имаше односи со Марадона? Цела ноќ ме оставивте без сон.“. изјави Мирта и продолжи да објаснува.

– Бев во претседателскиот апартман, а тие веднаш покрај мене. Толкава бучава правеа, што беше невозможно да се спие. Дури го поместуваа и мебелот, не знам зошто.

Ванда потоа ги демантираше нејзините зборови, но остана видео снимката од камерата на која се гледа како сегашната сопруга на Икарди ја носи долната облека на Марадона.

Ванда потоа се омажи за Макси Лопез, а веруваме дека сите ја знаете приказната како таа го изневеруваше со Икарди, а потоа и побегна со него.

Во продолжение погледнете зошто Ванда сега ја сметаат за една од најзгодните жени во светот на фудбалот…

инстаграм
инстаграм
инстаграм
инстаграм
инстаграм
инстаграм
инстаграм
инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот